Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возило удрило во пешак од Скопје и побегнало

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Петар Манџуков и сервисната улица што ја поврзува улицата со улицата Александар Урдаревски во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М. А. (26) од Скопје и го напуштило местото.

По несреќата, М. А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК