10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со европско знаменце Владата предлага поблаги казни за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои меѓудругото се предвидува и намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања.

Предлозите се на дневен ред на Комисијата за европски прашања, со европско знаменце.

Со предлозите се предвидува намалување на казните, односно ако досега казната за злоупотреба на службената положба за сторителите кои прибавиле значителна имотна корист, досега беше најмалку три години затвор, сега се предлага да се казни со од една до четири години. Во ставот 5 од членот 353 во кој се предвидува најмалку пет години затвор за злоупотреба на службената положба при јавни набавки, се предлага прибавената имотна корист се одзема. Наместо три години затвор за несовесно работење во службата, се предлага менување на казната од шест месеци до пет години затвор.

Во делот за злосторничко здружување, наместо досегашните казни од една до десет години се предлагаат од една до три години затворска казна за оној кој ќе создаде група или банда за вршење кривични дела.

Од Владата велат дека се работи за усогласување со актите на ЕУ.

Во 2018 година, „Дојче веле“ пишуваше дека вакви барања упатила и ВМРО-ДПМНЕ на тогашните лидерски средби.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.