Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина нобеловецот по медицина Ферид Мурад, по потекло од Гостивар

Почина светски познатиот лекар, Ферид Мурад по потекло од Македонија, кој во 1998 година ја доби Нобеловата награда за медицина и физиологија.

Мурад е награден со најголемото признание за откривање на улогата на азотниот оскид на кардиоваскуларниот систем.

Како професор по медицина и здравствени науки во Универзитетот Џорџ Вашингтон, Мурад добил и многу други награди, меѓу кои Наградата за основни медицински истражувања „Алберт и Мари Ласкер“, Наградата „Циба“ на Американското друштво за срце и Наградата „Бахтер“ за истакнати истражувања во биомедицински науки од Друштвото на американските колеџи по медицина.

Беше член на повеќе меѓународни здруженија и асоцијации. Објавил повеќе книги и статии во реномирани светски списанија.

Мурад е роден во Индијана во 1936 година. Неговиот татко бил доселеник од Гостивар, а мајка му Американка.

Неговото име го носи гостиварската болница, а е и почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +