Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ: Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во Липково каде што се стационирани вкопаните резервоари за течно гориво фирма која има бензински

Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на една македонска компанија која поседува бензински.

– Имено овој дел гореше и беше гаснет пред (10) десетина дена, каде екипите на ТППЕ Куманово го изгасија и не дозволија негово проширување. Денес во раните утрински часови повторно таму каде што беше пресечен претходно со гаснење повторно беше запален, брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманиво дејствувано и изгасено до 12:00 часот. За чудо во 18.30 часот по трет пат запалено и во овој момент правецот на пожарот се движи кон Складот за течно гориво Врело на Мак Петрол.. Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во с.Ваксинце и храбро се борат за да спречат загрозување на објекти, живот и здравје на граѓаните на с.Ваксинце, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК