Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер.

Во оваа пригода, Османи му посака успешна дипломатска мисија во нашата земја. На средба беше изразено заемно задоволството од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји и беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес.

Османи и Прескер разменија мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во регионот.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Напад во Бутел: Му го попречиле патот, па физички го нападнале

ДЕСК

Драма во Скопје: Жена нападната откако одбила да даде пари

ДЕСК