Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за фалсификување пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М. И. (29) од с .Пекљане, Виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и кривично дело фалсификување пари.

Имено, на почетокот на јуни 2023 година жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон по што пријавениот ѝ се јавил и се договориле да го купи телефонот. Откако ѝ дал четири банкноти по 100 евра, таа се посомневала во нивната исправност и настанот го пријавила во полициска станица.

По извршените проверки, било утврдено дека парите се фалсификат.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +