Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Да побрзаме со реформите и обврските кои ги имаме, членство во ЕУ до 2030 е реалност

-2030 година ќе има прием на нови членки во ЕУ и на ваква бина ќе стојат претставниците на Украина, на Молдавија, на Србија, на Црна Гора, Албанија. Ние ќе направиме сè на бина да стојат претставниците и на нашата татковина, и на Северна Македонија, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ пред присутните на трибината, која се одржа вечерва во Амфитеатарот, во Струмица, на тема: „Македонски труд – економска социјална политика“.

Вицепремиерот посочи дека треба политичарите да размислат што ќе им кажат на младите ако по 7 години не успееме да застанеме на таа бина и како ќе им објаснат дека како што рече тој „не сме биле подготвени оваа година да носиме одлуки, за тие, младите, во 2030 година да имаат европски пасош“.

-Во последно време европската агенда,европската перспектива веќе не е само сон, туку е и реалност. Последно време добивме временска одредница дека 2030 година навистина возможно да станеме членки на Европската Унија. Кога ќе не прашаат зошто пак е толку битно ние да побрзаме за да влеземе во Европската Унија, одговорот е дека секој ден губиме по една можност од ЕУ, нашите граѓани губат можности, потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека ние секогаш сме биле дел од Европа, но дека тоа не е доволно само да го кажеме и дека денес имаме историски момент за нашата држава и за нашата определба за зачувување на стабилноста и просперитетот соработката и успехот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Како државотворна влада сè ќе сторам да најдам решение да се спасат вработените и доверителите на Алта банка, нема да банкротира како Еуростандард во време на СДСМ

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Што му кажа на Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка?

ДЕСК

Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

ДЕСК