8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени 30 мртви кучиња и напуштено момче во куќа во Филаделфија

Две лица од предградието на Филаделфија се уапсени и обвинети за суровост кон животни и загрозување на деца, откако полицијата пронашла тела на најмалку 30 кучиња во нивниот дом во јужниот дел на Њу Џерси, САД.

Властите соопштија дека во куќата имало и деветгодишно момче кое било одземено поради „нездрави услови“ и предадено на социјалните работници. Не е познато дали момчето е поврзано со уапсените.

Девет кучиња се пренесени во локална болница за животни.

Полицајците од Евешам, град на периферијата на Филаделфија, пронашле живи и мртви кучиња, неколку мачки и зајаци во куќата и ги уапсиле Ребека Халбах (35) и Брендон Лекони (32).

Инспекторите веруваат дека таму угинале и до 100 кучиња, од кои многу веројатно биле закопани во близина на куќата.

Полицијата интервенирала затоа што лице поврзано со организација за заштита на животните од Северна Каролина пријавило дека видело неколку неухранети и болни кучиња во домот. Таа организација претходно и платила на уапсениот пар да се грижи за неколку кучиња.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК