Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

96 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 30 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 20 во населено место и 10 надвор од населено место, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно паркирање. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК