23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Меки и вкусни: Кифли готови за 20 минути, идеални за неделен појадок

Брзите кифлички со прилог по ваш избор се омилен избор на најмалите, но и на постарите членови на семејството, а во продолжение ви го пренесуваме рецептот.

Подготовката на кифличките без квасец трае 5 минути, додека се печат уште 15 минути, што значи дека за 20 минути имате навистина префинети кифлички. Фактот дека кифличките се без квасец, не влијае на мекоста и вкусот.

Состојки:
300 гр брашно
половина кесичка прашок за пециво
прстофат сол
80 грама растопен путер или 50 мл масло
180 мл јогурт

Подготовка:
Во брашното додајте прашок за печиво, посолете и убаво измешајте, па додајте растопен путер и јогурт и замесете тесто.
Веднаш расукајте во круг за кифлички со дебелина од околу 4-5 милиметри, па исечете ги формите на кифличките и наполнете ги со фил по желба.
Премачкајте со жолчка и посипете со сусам.
Печете веднаш 15 минути на 200 C и послужете.
Супер се и кога стојат, без разлика што нема квасец, стварно се супер вториот ден.

Тоа е тоа. Пријатно!