Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја улици во Центар и Ѓорче Петров

ЕВН Македонија АД извести дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Центар и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, струја ќе немаат корисниците на улиците Исаја Мажовски, Воин Драшкоци, Браќа Галеви и Стево Филиповиќ во општина Центар.

Како што информираше ЕВН Македонија, во периодот од 11.00 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците на улицата Ѓорче Петров, од број 106 до 112, во делот околу продавница за спортска опрема Лома Спорт, општина Ѓорче Петров.

Можеби ќе ве интересира

Денови за спорт на младите во општина Илинден

ДЕСК

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

ДЕСК