Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Денес околу 15.30 избувна пожар на отворено на територијата на Општина Старо Нагоричани во атарот на селата Руѓинце и Белановце

Денес околу 15.30 избувна пожар на отворено на територијата на Општина Старо Нагоричани во атарот на селата Руѓинце и Белановце.

Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот, го обезбедија с. Руѓинце и спречија загрозување на селото.

И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна подршка. Бидејки веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта да се обезбеди с. Белјановце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и че дежураат во близина на ова село.

Во текот на ноќта ќе донесеме одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на овој пожар.

Јас итно поаѓам кон пожарот, повеќе информации по моето пристигнување, изјави Стојанче Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +