14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Вратата од спалната соба ви е отворена додека спиете, еве зошто не е добро…

Чисто од навика, за децата да слушаат подобро, за подобра клима во собата – многумина имаат причини зошто спијат со отворена врата од спалната соба.

Речиси 60 проценти од луѓето го гледаат тоа така и едноставно не размислуваат премногу за тоа.

Сепак, дали вратата од вашата спална соба е отворена или не, може да биде одлука за живот и смрт.

FSRI, Институтот за безбедносни истражувања, спроведе големо истражување во Америка. Резултатот го покажа следново: повеќето луѓе мислат дека е побезбедно да спијат со отворена врата.

Меѓутоа, вистината е спротивна. Имено, кога вратата е затворена, се забавува ширењето на пламенот во случај на пожар, се намалува токсичниот чад, се подобрува нивото на кислород во просторијата и се намалува температурата.

Во изминатите неколку години, просечното време потребно за да се избегне пожар се намали од 17 на 3 минути или помалку. Причината за тоа е зголеменото количество на вештачки материјали во градежништвото или во мебелот и украсните предмети. Покрај запаливите материјали, дури и зграда со отворен план сега е поопасна за ширење на пожарот отколку порано.

Во голема кампања во САД, безбедносните организации во соработка со пожарникарите спроведоа голема кампања и предупредија дека затворените врати можат да играат одлучувачка улога во спасувањето човечки животи. Тие советуваат и дека вратата од детската соба треба да се затвори. Тоа навистина може да спаси живот, нагласува ФСРИ.