16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Издржете го уште утрешниот пеколен ден, следува освежување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 29.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 33°C

Променливо облачно, од претпладне нестабилно и малку посвежо, со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. UV=6

Прогноза за 30.08.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. UV=7

Прогноза за 31.08.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. UV=8

Спонзорирано: