Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР исфрли над 60 тони вода, извлечени пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во Чешиново-Облешево

Денеска (26.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода.

Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.

Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени 5 пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување.

Можеби ќе ве интересира

Нарушен јавниот ред и мир во Радовиш по тепачка

ДЕСК

Филипче до граѓаните: Следи мобилизација, помогнете да ја зачуваме нашата татковина, безбедноста и иднината на Македонија!

ДЕСК

Семејно насилство во Струмица – приведен 22-годишен маж

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.