Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃА НЕВРЕМЕ, НО И МНОГУ ЖЕШКО ВРЕМЕ – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено утре и во сабота.

Прогноза за 25.08.2023
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. UV=8

Прогноза за 26.08.2023
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со локален пороен дожд и грмежи понекаде во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=7

Прогноза за 27.08.2023
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8

Можеби ќе ве интересира

2.158 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – По претседателското вето следува нова собраниска расправа

ДЕСК

ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА ИЗБРАНИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – Нови размени за учениците од Западен Балкан

ДЕСК

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК