Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓа невреме – Синоптичарите објавија долгорочна прогноза

Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме. Краткотрајно постабилно ќе биде во петок.

Прогноза за 24.08.2023
Минимална температура: 12°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер, во северните делови од северен, а во јужните од јужен правец. УВ=8

Прогноза за 25.08.2023
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. UV=8

Прогноза за 26.08.2023
Минимална температура: 13°C до 24°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=8

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +