Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожар на стрниште во село Бучинци

На бројот за итни повици во ЦУК е добиена пријава за пожар на стрниште во селото Бучинци, општина Илинден, на 200 метри од црквата.

Како што информира Центарот за управување со кризи, веднаш се известени пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје.

Други пријави за пожари, како што додаваат од ЦУК, нема.

Во изминатото деноноќие беа изгаснати 22 пожари во различни делови од земјата.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК