Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен крадец во Гостивар, кај него пронајдени кокаин и нож

Вчера попладне, околу 17.30 часот, на улицата Павле Аврамовски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 23-годишниот С. Д. од гостиварско Чегране, извести СВР Тетово.

„Тој бил пријавен од 48-годишниот Д. Р. од Охрид дека околу 15 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож“, соопшти СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК