Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Менувањето на Уставот ставено на дневен ред, изгласан од 70 пратеници

Со еден час доцнење почна собраниската седница со единствена точка на дневен ред – уставни измени. Со неа раководи претседателот на Собранието, Талат Џафери. За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 47 „против“, 70 „за“, а воздржани немаше.

„Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред“, рече Џафери.

Во собраниската сала во првите редови седи премиерот Димитар Ковачевски, а таму се и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби.

Можеби ќе ве интересира

Бурна ноќ во Скопје: Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 27 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

ДЕСК

Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна од 18 месеци, спроведено е во Затвор Идризово

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

ДЕСК