Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дали ИТ менаџер и надзор на патишта од ЈПДП може да вештачат подобро од професорите на Електротехничкиот факултет?

Во последната филмска емисија на ИРЛ посветена на пожарот во тетовската болница се појавува вештак за електроинсталација кој се спротивставува на експертизата на професорите од скопскиот Електротехнички факултет. Станува збор за ИТ менаџер вработен во тетовска фирма.

Во истата емисија се појавува и вештак за градежната експертиза, градежен инженер вработен во Јавното претпријатие за државни патишта. Вештакот од ЈПДП е раководител на одделението на надзор на патиштата и нема никаква поврзаност со градење објекти, ниту има врска со противпожарна заштита, за што на Градежниот факултет има посебен отсек за тоа.

Прашањето кое се појавува како суштинско ако се земат предвид ангажманите на двајцата вештаци промовирани од ИРЛ е дали ИТ менаџер и тазе дипломиран инжинер кој врши надзор на патишта може да вештачат подобро од професорите на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СОМНЕЖИ ЗА ИЗМАМА ВО „Е-ИНДЕКС“ НА УГД – Побаран притвор за двајца вработени

ДЕСК

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК