Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Агелер на средба кај Ковачевски

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

На денешната средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, разговаравме за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна.

Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца.

Пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

ЕУ е нашата единствена алтернатива.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК

Венко Филипче: Сите цени се вивнаа поради непостапување на Владата

ДЕСК