Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

154 сообраќајни прекршоци во Скопје, 18 технички неисправни возила во јавниот превоз

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК