Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со „ауди“ излетала од патот Кичево-Демир Хисар, тројца повредени во сообраќајка

Утрово во 04.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Видрани, 26-годишната Т.Б.С. од село Другово, кичевско, управувајќи патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала од коловозот, извести МВР.

– Со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Општата болница во Кичево, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците В.В.(19) и С.С.(34), двајцата од Кичево, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

ДЕСК

Вечерва почнува летното сметање на времето

ДЕСК

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

ДЕСК