Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен е крадец при обид да украде велосипед

Вчера во 15.00 часот на ул.„23 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед сопственост на Д.М.(51) од Скопје, кој бил врзан со сајла.

Лицето се обидело да побегне, но билo фатенo и лишенo од слобода. Ф.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК