23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.