11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) Георгиевски: Нови 8,8 милиони евра преку ИПАРД-програмата

„Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и за земјоделскиот сектор. Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот подготвена да започне со користење на ИПАРД 3 програмата“, рече Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Од ИПАРД 2 програмата се искористени 98 отсто од средства, со склучени 2369 договори. Објавен е последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3, за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75 отсто средства обезбедени од ИПАРД и 25 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите“, изјави Георгиевски.

„Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18-ти септември 2023 година.

Овој последен јавен повик се објавува со цел овие 8.8 милиони евра како последни средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата, без ниту еден денар вратен назад“, додаде тој

Можеби ќе ве интересира

Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

C +

Унгарскиот MOL го презема снабдувањето со нафта во Србија по санкциите на САД

C +

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.