Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов случај на конго-кримска хеморагична треска во земјава

Министерството за здравство потврди дека една од вработените на Клиниката за инфективни болести која била во контаткт со младата жена од штипско која минатиот викенд почина од конго-кримска хеморагична треска по каснување од заразен крлеж, е позитивна на вирусот.

Присуството на вирусот кај вработената бил потврден во саботата во лабораторијата на ИЈЗ, точно 9 дена по контакт со пациентката која почина.

Вирусот на ККХТ се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица.

Смртноста од ККХТ достигнува и до 40 проценти.

Прва епидемија на ова заболување во Македонија е пред 52 години, кога заболеле 13 лица, од кои две починале. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во нашата земја, ова заболување претставува потенцијална опасност. Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК