Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски требаше да побара консензус кога десетици илјади граѓани протестираа против условите што ги прифати, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски кога зборува за консензус треба да се присети дека консензус требаше да побара кога десетици илјади граѓани протестираа против условите кои ги прифати, но тој ги игнорираше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За општи консензус Ковачевски требаше да размислува кога граѓаните експертите и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваа и нудеа рака за помош но тој арогатно ги одбиваше. Ковачевски, Османи и Маричиќ преговорите ги водеа во стилот “Јас, тате и бате“, а од другата страна Бугарија ја вклучи целиот свој дипломатски, институционален и експертски капацитет. И заради тврдоглавоста и кусогледоста на Ковачевски денес Македонија треба да менува Устав под Бугарски диктат и притоа нема никакви европски институционални гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови, нема да има промена на учебници и историски наративи, дека нема да има бесконечни преговори или однародување“, соопшти опозициската партија.

„Ковачевски додека лежи на некоја плажа доволно е да ги погледне пораките на бугарските државници од Илинден и ќе види дека од Бугарија не само што се најавуваат нови барања, туку и дирекнто се негира македонскиот идентитет и историја. Ова Ковачевски го премолчи и не го осуди, што покажува дека се согласува со Радев и неговиот колега Денков. Исто така веруваме дека Ковачевски знае да чита, па може да провери дека никој од европа не гарантира нови условувања од Бугарија кои го тангираат македонскиот идентитет. Решението, сакал Ковачевски или не, се избори“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК