Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Беќаровски: Нема дежурство без кокаин, црн џип, виски, вијагра…

Д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија дел од своите доживувања за време на вечерните дежурства ги опиша на неговиот фејсбук-профил. Професорот вели дека во последниве 12 месеци нема дежурство без предозирани пациенти со кокаин, искомбиниран со скапо виски, пациенти кои пред клиниката најчесто доаѓаат со црни џипови…

Еве го неговиот вчерашен пост на фејсбук:

„Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму.

Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра.

Грам кока, зависно од квалитетот, е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар.

По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите“.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +