Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

322 сообраќајни прекршоци во Скопје, 96 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 322 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 96 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 28 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК