Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тетовец измамен од позната туристичка агенција: дал над 2.000 евра, билети не добил, а му побарале да плати уште 4.000

Тетовец пријавил дека бил измамен од вработен во туристичка агенција, откако телефонски договорил резервација на три повратни авионски билети, за што платил 2.450 евра.

“На 01.08.2023 во 23.00 часот, 26-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од вработен во туристичка агенција. Според пријавеното, на 18.05.2023 тие телефонски се договориле да му резервира три повратни авионски билети за три лица од Аргентина за што преку брз трансфер на пари му исплатил 2.450 евра. Како што е пријавено, лицето не му обезбедило билети и не сакало да му ги врати парите за резервација, а дополнително му барало уште 4.000 евра“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК