Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маж направил сообраќаен прекршок кај Кучково, па и’ фрлил на полицијата 1.000 денари за да не му пишат казна

Завчера во селото Кучково, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.С.(50) од селото Ласкарци, скопско.

Имено, во наведеното време, полициски службеници го затекнале лицето како со товарно возило го попречува нормалното движење на сообраќајот во село Кучково. Откако му било посочено дека сторил прекршок и дека ќе му биде поднесен прекршочен платен налог, тој извадил 1000 денари, ги фрлил во службеното возило и од полициските службеници побарал да не му пишуваат казна, велат од МВР.

Веднаш потоа тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче ќе оддржи важна прес конференција во 11 часот

ДЕСК

АПСЕЊА ВО ТЕТОВО: Од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување

ДЕСК

Христоски: Реализиравме над 90% од програмата, за новиот мандат највувам капитален проект во секое населено место во Крушево

ДЕСК