Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во охридско, пронајдена дрога, приведен дилер

На 29.07.2023 во СВР Охрид е лишен од слобода Ф.Б.(37) од Скопје.

При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронашле и одзеле кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ВЕЌЕ ПОБЕЛЕ ДЕЛ ОД ПЛАНИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Еве каде падна, а УХМР најавува нови снежни врнежи

ДЕСК

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

ДЕСК

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

ДЕСК