8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Градиме заеднички спомени со децата од дневните центри

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, утринава со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и Шуто Оризари го посети Археолошкиот музеј во Скопје. Децата заедно со двете министерки неколку часа поминаа во катчето за деца, каде што читаа сликовници поврзани со археологијата.

Тренчевска истакна дека од особена важност е децата уште од најрана возраст да се запознаваат со делови на културното живеење и да посетуваат места врз кои се темели културата во нашето општество посочувајќи дека при посетите како млади лица ќе имаат можност да учат нови работи.

Според неа, детското катче во Археолошкиот музеј ги има сите можности на децата да им се доближи археологијата како наука, таа рече дека од особена важност е да се знае како се развивало општеството и кои биле предизвиците на цивилизациите во минатото. Тренчевска посочи дека со илустириран материјал им се олеснува на децата да ги разберат непознатите поими со кои се сретнаа за време на посета на Музејот.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК