Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Teшка несреќа на патот кај Кичево – се судрија три возила, има повредени

Вчера, во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила: „пежо“, со косовски таблички, управувано од Ф. М. (64) од Косово, „мерцедес“, управуван од М. Т. (33) од с. Конопница, Кривопаланечко, и „фолксваген пасат“, управуван од А. Б. (74) од с. Зајас, Кичевско.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на возилото „мерцедес“, а тројца сопатници од истото возило добиле телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК