Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страшно убиство во Велес: Со фиат панда директно удрил во човек – претходно се расправале

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот Фиат панда сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.​

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК