Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил во гостиварско удри во електричен тротинет: малолетник тешко повреден

Малолетник од гостиварско тешко повреден откако бил удрен од автомобил во моментот ддодека управувал електричен тротинет.

Вчера во 13.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(34) од с.Чегране, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од истото село.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни констатирани во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК