Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три Србинки повредени во близина на ГП „Богородица“ откако автомобилот им излетал од автопатот

Синоќа во 23:25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1 во близина кај Граничен премин Богородица, патничко возило „сузуки“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Д.(58) од Република Грција, со живеалиште во Република Србија, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(45) и една малолетна сопатничка, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, сите од Србија, констатирани во болницата во Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +