23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Контрола во Велес, приведени осум лица, пронајдени марихуана, екстази…

МВР објави соопштение дека На 15-16.07.2023 во периодот од 19.00 до 02.10 часот на место викано „Долна Бабуна“ во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе видови дрога.

На наведеното место била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава. Притоа, во 21.00 часот од слобода биле лишени лице(43) лице(53) од Велес зато ашто кај нив била пронајден марихуана. Во 00.30 часот од слобода биле лишени лице(27) од Велес и лице.(32) од Скопје бидејќи кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај едно лице. била пронајдена таблета екстази). Во 01.40 часот од слобода биле лишени Л.С.(43) од Скопје, Е.Р.(31) од Скопје и А.Ц.(41) од Прилел, затоа што кај Л.С. била пронајдена марихуана, а кај Е.Р. била пронајдена бела прашкаста материја, додека пак А.Ц. била затекната во истото возило со Е.Р.. Исто така, во 02.10 часот од слобода бил лишен С.С.(22) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета.
Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.