Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Богоев објави видео снимка: Груевски, очигледно те погодив во нерв, па напиша статус со многу зборови, малку поенти и воопшто вистина!

Фејсбук статус на Стефан Богоев од СДСМ:

Груевски, очигледно те погодив во нерв, па напиша статус со многу зборови, малку поенти и воопшто вистина! Соочен со фактите дека токму ти, твојот советник Мицкоски и вашето ДПМНЕ ја доделивте концесијата за Иловица во 2012 година (во прилог слика од одлуката во Службен весник, јуни 2012г) повторно се обиде да ја манипулираш јавноста. Својствено за тебе Груевски, така владееше 11 години.

Сега земи воздух Груевски, и види го и видеото во прилог, како во изборна кампања во 2016 година се фалиш дека ќе отвориш десетина рудници во југоисточниот регион. Тешко е за гледање Груевски, ама ни тогаш, ни сега, не те интересирало здравјето на граѓаните!
И за крај, Груевски, вистината е како шило, a ти тоа добро го знаеш!

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК