Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Калиманци – Излета фиат браво, повредени млади лица

На 13.07.2023 во 05.10 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека кај брана Калиманци патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(23) од с.Косевица, општина Македонска Каменица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Медицинскиот центар Штип, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник А.С.(19) од с.Луковица, општина Македонска Каменица, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК