Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против скопјанка за измама и фалсификување исправа

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 44-годишната Т. П. Н. од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело измама и кривично дело фалсификување исправа, извести МВР.

„Пријавената, како вработена во осигурителна компанија во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување факти ја измамила оштетената убедувајќи ја дека доколку ѝ ги даде парите добиени по основ осигурително осигурување во износ од 120.000 денари, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување“, соопшти МВР.

Откога ја довела во заблуда оштетената и ги добила парите, Т. П. Н. изготвила и со свој печат и потпис заверила лажен документ на осигурителната компанија, со кој потврдила дека наводно парите се уплатени на сметка на компанијата за потребите на предметот за повторно разгледување и одобрување поголем износ на оштетеното побарување“, се додава во соопштението на МВР.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК