Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Струшко

Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Струшко.

Според информациите, несреќата се случила синоќа меѓу две возила на регионалниот пат с. Јабланица – с. Лабуништа.

„На 10.7.2023, во 22.10 часот, било пријавено дека на регионалниот пат с. Јабланица – с. Лабуништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв’, управувано од А. Н. (18), и патничко возило ‘фолксваген голф’, управувано од Е. С. (35), двајцата од с. Лабуништа, и двете возила со струшки регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот Е. С. и сопатникот од возилото „голф“, Џ. К. (37), а телесни повреди добиле сопатниците од возилото „бмв“, С. Н. (18) и А. Л. (18), сите од с. Лабуништа, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид“ соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Струга.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +