Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кинези скришум нелегално влегле во Македнија, полицијата ги фати при случајна проверка

На 08.07.2023 околу 11.30 часот на место викано „Караорман“ полициски службеници од Регионален центар Југ ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од НР.Кина, затоа што по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата.

„На лицата од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија им се изготвени решенија за враќање и напуштање на територијата на државата“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК