Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Изгаснат пожар на отворено кај граничниот премин „Богородица“

Регионалниот ЦУК Струмица, извести дека од 15.42 часот гори нискастеблесна шума околу граничениот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар (0.5 ха).

Веднаш на терен биле излезени 3 ПП возила од Територијалната противпожарна един ица со 9 пожарникари, тим од МВР Гевгелија со 4 гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури.

Со ангажман на субјекти од Системот за управување со кризи од локалната самоуправа Гевгелија пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума, бил изгаснат во 17.30 часот.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК