Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Момче од Шпанија се удави во битолскиот базен

Државјанин на Шпанија со иницијали С.Ч. на 22-годишна возраст попладнево се удавил во водите на отворениот Олимписки базен во Битола, соопшти тамошната полиција. Трагедијата се случила нешто по 16.30 часот. Момчето на базенот било во придружба на пријатели.

Од СВР Битола соопштија дека смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Лекарската екипа на лице место се обидела да го реанимира момчето кое не давало знаци на живот. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола. Телото било пренсено и во битолската Клиничка болница каде повторно се направиле обиди за реанимација, но без успех. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК