17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

Вчера (03.07.2023), во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол. Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети. Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици, додека осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 03.07.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(25) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ноќеска (04.07.2023) околу полноќ, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот А.Ф. од тетовско Теарце, затоа што кај него му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

На 03.07.2023 во 21.15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т.(23) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 03.07.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(21) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 03.07.2023 на ул.„Тризла“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Е.Р.(19) од Битола. При преглед на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три пакувања и шест ленти-кластери „трамадол“, како и бланко рецепти. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од Кривичниот законик и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.