12.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лоба: Биди тѝ и дозволи да те води атмосферата на виното и музиката!

Вино и штикли- дефинитивно совршена комбинација во која жените одлично се снаоѓаат. Секоја година сум воодушевена од прекрасните дами кои го разубавуваат на настанот “Вино на штикли”,

Биди ти и дозволи да те понесе атмосферата на виното и музиката, вели Викторија Лоба упатувајќи покана за петто по ред издание на “Вино на штикли”, кој оваа година ќе се одржи на 29 јуни четврток, на веќе добро позната и проверена локација ресторан бар “Форца”, со почеток од 19 часот до сите љубители на различни вкусови на вино, добра закуска, сето тоа поткрепено со нејзиниот разновидниот репертоар кој ќе огдовори на секој вкус, на секоја сорта вино.

Лоба, веќе петта година по ред си дел од настанот „Вино на Штикли“, најпрвин како жените го „носат“ виното на штикли?

Викторија Лоба : Вино и штикли- дефинитивно совршена комбинација во која жените одлично се снаоѓаат. Секоја година сум воодушевена од прекрасните дами кои го разубавуваат на настанот “Вино на штикли”!

Истражувачите предлагаат конкретна песна за подобрување на вкусот на конкретно вино, велат…со црвеното најдобро оди Jimi Hendrix и The Roling Stones, додека белото вино одело со Kylie Minoque и легендарната поп дива Tina Turner. Колку од твое музичко искуство ова е точно и дали во твојот репертоар присутните ќе слушнат нешто и од нив, покрај твоите добро познати хитови?

Викторија Лоба: Tina Turner дефинитивно ќе звучи на “Вино на Штикли” како и многу други хитови, но претежно кирилица.

Македонска музика одлично парира со сите сорти вино, верувам дека ќе биде одлично искуство за гостите.

Колку од посилниот пол, знаат да уживаат во добра музика, добро вино и убава женска половина па дури и да носи повисока штикла?

Викторија Лоба: Уживаат сите подеднакво јас немам замерки за џентлмените.

Како и секоја година така и оваа, оние кои обезбедиле навреме карти ќе имаат можност да дегустираат 150 различни вина како од македонските винарии така и од странските.

Сигурно досега успеа да вкусиш бар неколку од нив, кон која винска сорта на вино си пристрасна?

Викторија Лоба: Меѓу омилените сорти ми се Темјаника, Гренаж бланк како и розе и нашата исклучителна македонска сорта Вранец.

И за крај, нашиот слоган е, Бидете таму, Бидете извонредни! Зошто да се биде таму, и како да се биде извонреден?

Викторија Лоба: Зошто? Оние кои веќе биле присутни на „Вино на штикли“ не пропуштаат прилика да дојдат повторно, тоа се ни кажува. А како да се биде извонреден… тоа е лесно само биди ти и дозволи да те води атмосферата на виното и музиката!

Дами ако досега не успеавте да си набавите влезница само заради тоа што одбирате какви штикли да купите за овој настан, истото можете да го направите директно на самиот влез во ресторан бар Форца, а Вие господа, бидете џентламени набавете карти навреме на следниот линк

 

Бидете таму, Бидете извонредни!

извор Вистина.мк