Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казни за 224 возачи во Скопје, 74 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас.

Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК